Британската премиерка Меј на одлучувачки состанок во Брисел
Британската премиерка Тереза Меј денеска ќе пристигне во Брисел на преговори со клучните лица на ЕУ, кои би можеле да бидат одлучувачки дали Британија е способна да влезе во нова фаза од трговските разговори со Унијата.
Уредничката на британскиот јавен сервис за Европа, Катја Адлер, вели дека во текот на викендот се постигнати договори меѓу Лондон и Брисел за „трошоците за разводот", кои треба да ги плати британската страна, како и правата на граѓаните, но дека прашањето за границата на Обединетото Кралство со Ирска останува отворено.
Се очекува Меј да се сретне со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер. Од Даунинг стрит порачуваат дека ќе следат „повеќе разговори", а пораката на Адлер е дека се чувствува „умерен оптимизам“.
Доаѓањето на Меј се совпаѓа со истекот на рокот, кој претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и го даде за да ја изнесе подобрената понуда поврзана со условите за британско повлекување од ЕУ.
На разговорите со Јункер и Туск, Меј ќе ја придружува државниот секретар за Брегзит, Дејвид Дејвис.
Ново на Сител
-
Пет месеци од трагедијата во Кочани, 18-ти по ред „Марш на ангелите“
-
Тема на денот со Тони Менкиноски
-
Пратениците од ДУИ гласаа против измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Средбата Трамп-Путин заврши без договор за прекин на руско-украинската војна
-
Цела ноќ битка со стихиите кај Јажинце, денеска критично и кај Јасен
-
Славески: Без јасна поделба на универзитетите секое следно рангирање ќе носи фрустрации, не решенија
-
Кога студентите ќе ги добијат ваучерите од 250 евра за електронски уреди?
-
Проблемот со струшката депонија пред судот во Стразбур