-->
-->
Британска компанија обвинета дека се однесува кон вработените како во 19 век
-->

Британската трговска компанија „Спорт Директ“ една од најголемите во Европа за продавање на спортска облека, е обвинета дека се однесува кон своите вработени како во времето на кралицата Викторија во 19 век.
Комисијата за бизнис на британскиот Парламент отвори истрага за случувањата во компанијата, која има свои продавници низ целата територија на Велика Британија и ширум европскиот континент, обвинувајќи го за ваквите состојби, основачот на „Спорт Директ“ Мајк Ешли.
Во извештајот на Комисијата се наведува дека состојбите во компанијата и односот што таму владее кон вработените потсетува на описите што ги дава писателот Чарлс Дикенс во своите романи.
Синдикатите кои учествувале во парламентарната истрага, го посочуваат случајот на една вработена жена, за која се тврди дека морала да се породи во тоалетот на фирмата, плашејќи се дека ќе добие отказ од работа, доколку замине на породување и побара боледување.
Компанијата се обвинува за спроведување политика на „заплашување“ и за „тероризирање“ на вработените, како и за тоа дека на луѓето им се делеле плати пониски од определениот просек за оваа стопанска дејност.
Компанијата во посебно соопштение ги отфрла таквите обвинувања и тврди дека кон своите вработени се однесува со почит и достоинство.
Инспекторски служби, сепак, имаат отворено истрага околу обвинувањето за тоа дека на луѓето во ова британска фирма им се дава помала плата, а основачот на компанијата Ешли веќе бил повикан на сослушување пред парламентарната комисија.
Претседателот на Комисијата, Јан Рајт изјави за Радио Би-Би-Си дека човекот што ја има создадено оваа компанија е најодговорен за ваквите состојби во неа, за кои вели дека се неразбирливи за 21 век.
- Невозможно е Мајк Ешли да не знае што се случувало во компанијата, кога е познато дека тој барем еднаш неделно ги посетува магацините на „Спорт Директ“, посочи Рајт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Каде ќе се одржуваат рочиштата за трагедијата во „Пулс“?
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-
Доживотен затвор за обвинетите за убиството на Вања и Панче, таткото на Вања доби ослободителна пресуда
-
Скопскиот Кривичен суд ќе го води судскиот процес за пожарот во кочански „Пулс “
-
Радев со писмо до Брисел ги брани своите позиции, за Мицкоски апсурдно е креирање на нација во 21 век
-
Историска одлука на НАТО: Земјите членки ќе издвојуваат по 5% од БДП за одбраната
-
Алиу со дигитализација во министерскиот кабинет – секој петок 15 минутен онлајн разговор со граѓани
-
Банките доброволно да ги намалат провизиите или државата ќе ги регулира надоместоците