Британија со зголемено ниво на евентуална закана од северноирски дисиденти
Велика Британија го зголеми нивото на закана од северноирски дисиденти од „умерено“ на „значително“, што значи дека постои голема веројатност за напад, изјави денеска британскиот министер за внатрешни работи Тереза Меј.
- Тоа означува дека продолжува заканата од дисидентска републиканска акција, нагласи Меј.
- Поради таа промена ние работиме во тесна соработка со полицијата и други органи за да гарантираме дека се преземени соодветни мерки за безбедност, изјави таа.
Меј додаде дека одлуката на службата за внатрешно разузнавање МИ5 да ја зголеми оценката за ризик ја одразува заканата која се уште постои од дисидентски групи во Северна Ирска и кои се спротиставуваат на договорот од 1998 година со кој се стави крај на трите децении исполнети со насилства.
Според Меј, заканата за Велика Британија од меѓународен тероризам останува сериозна, што значи дека постои голема веројатност за напад. Заканата за Северна Ирска од тероризам поврзан со регионот, исто така останува на ниво „сериозна“.
Ново на Сител
-
Во Oхрид забрзано се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
„Не може некој со плата од 2.000 евра да кажува дека 400 евра е доволно“ – првомајски протест во Скопје
-
Кој колку троши по кафеани и се грижи за работниците – на Први мај власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
0д 1-ви мај лани, до 1-во мај годинава, статус кво на работничките права
-
Традиционален првомајски пикник
-
Македонците масовно патуваат за 1 мај - најмасовна Богородица