-->
-->
Брисел: Унгарија е првата земја во ЕУ каде повеќе од 50 отсто од населението е вакцинирано против Ковид-19
-->
Унгарија стана првата земја во Европската унија каде повеќе од половина од населението постаро од 18 години (50,5 отсто) прими барем една доза од вакцината против коронавирус, покажуваат денеска објавените податоци на официјалната веб-страница на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ)
Вкупно 25,8 отсто од возрасната унгарска популација ги прими обете дози на една од вакцините регистрирани во земјата. Малта е на второ место според стапките на вакцинација (47,1 отсто, односно 25 проценти двете дози). Во првите три земји на ЕУ според бројот на возрасни со најмалку една доза е вклучена Финска (38,4 отсто). Меѓу оние кои најмногу доцнат се Бугарија (10,7 проценти од граѓаните со една доза, 3,8 отсто со две) и Летонија (13,9 отсто и 2,5 проценти).
Меѓу европските земји кои не се членки на ЕУ, Исланд покажа висок резултат – 39 отсто од населението прими барем една доза од вакцината.
Според објавените податоци, прва доза на вакцината досега ја примиле 30,4 отсто од населението на ЕУ и земјите што не се членки на ЕУ, како што се Норвешка, Исланд и Лихтенштајн. Вкупно 154,1 милиони лица се вакцинирани против Ковид-19 во ЕУ.
Во јануари, Унгарија ја регистрираше руската вакцина „Спутник В“ и со тоа стана првата земја во ЕУ што ја одобри нејзината употреба на своја територија. Словачка стана втора во март годинава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња
-
Колку е штетен Чет ГПТ за децата и тинејџерите?
-
Филипче: Иако Мицкоски не’ одби ќе поднесеме документ за црвените линии
-
Партиски активности на кандидатите за градоначалници
-
Инфлацијата кај нас е повисока од еврозоната заради очекувањата дека цените ќе продолжат да растат
-
Недостасува ИТ квалификуван кадар за поддршка на електронските услуги