-->
-->
Бразил регистрира црн рекорд по број на жртви од Ковид-19 за еден ден
-->
Бразил за првпат регистрира повеќе од 2.000 смртни случаи од коронавирус за еден ден, јави ДПА.
Според податоците на Министерството за здравство објавени доцна синоќа, во последните 24 часа регистрирани се 2.286 смртни случаи.
Од почетокот на пандемијата, во Бразил од Ковид-19 починале 270.656 луѓе.
Последните дневни податоци покажуваат 79.876 новозаразени, со што вкупната бројка на заразени од почетокот на пандемијата во најголема земја во Латинска Америка надмина 11,2 милиони.
Само САД и Индија имаат поголем број на заразени.
Бразил, кој почна со вакцинација во јануари, е една од најпогодените земји во светот. Здравствениот систем се распадна во многу градови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Законот за локална самоуправа на 52. пленарна седница
-
Поништено судењето за смртта на Марадона, процесот од почеток
-
Премиерот Мицкоски утре во Будимпешта ќе има средба со Орбан и ќе присуствува на СРАС конференцијата
-
Викендов авионска дезинсекција против комарци во Скопје
-
Иванишевиќ нов тренер на Циципас
-
Милановиќ: Ниту една држава веќе нема да влезе во ЕУ, можеби само Црна Гора
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница
-
Миле Тодоров кој исчезна во јануари, виден кај планината Серта