Македонија
6. May 2025 - 14:42

Брат (7) со автомобил прегазил 10-годишна сестра во крушевско

МВР информира дека вчера попладне во 18.55 часот во Полициската станица Прилеп, од Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена 10-годишна малолетничка од с. Алданци, Крушевско.

„Според пријавеното, во дворот од семејната куќа, нејзиниот седумгодишен брат случајно го стартувал возилото „форд галакси“, со клучот кој бил на бравата, и ја прегазил на ногата“ – велат од МВР.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.