Боже зошто ни ги зеде: Родителите лелекаат над ковчезите на Теодора (5) и Вељко (6)
Зоран (31) и Јелица (28) Перуничиќ од Пљевља, на кои во сообраќајката во кањонот на Тара им загинаа синот Вељко (6) и ќерката Теодора (5) , тргнале на свадба во Подгорица кога доживеале страотна несреќа.
Во ужасната трагедија загина и сестрата на Зоран Јелена (30), додека тој и сопругата се полесно повредени и по уклажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.
Несреќата се случи во саботата во 10.45 часот кога Зоран со возилото сеат слетал во каљонот на Тара, длабок 1,3 километри. Автомобилот се превртел неколку пати и завршил во реката. Според првите информации, причина за несреќата бил лизгавиот пат зошто подолг период од тој ден врнело дожд.
Заробени во автомобилот
Драго Перунчиќ, роднина на настраданото семејство, одбајснува дека Зоран со семејството тргнал на свадба кај братучед на жената од Подгорица. Несреќата се случила на 40-тина километри од нивната куќа.
-Колку што знам, се се случило за неколку секунди. На местото Логориште Зоран изгубил контрола над возилото и слетал од патот директно во кањонот. При превртувањето од возилото излетале тој и Јелица, додека децата и неговата сестра останале заробени на задното седиште од автомобилот кој потоа паднал во водата, објаснува роднината.
Според него, обдукцијата покажала дека децата и тетката се удавиле во Тара/
-Телото на Теодора нуркачите го пронајдоа неколку метри низводно, а на Вељко и Јелена кај автомобилот. Зоран и Јелица биле полесно повредени. Тие се обиделе да дојдат до децата, но не можеле ништо да направат, вели соговорникот.
Роднината на семејството вели дека Зоран и Јелица потоа се пренесени во болница, но барале да ги пуштат за да може дома да ги однесат телата на настраданите деца.
-Не може со зборови да се опише колкава е таа тага кога телата на Вељко, Теодора и Јелена ги внесуваа во куќата. Лелекот на родителите ни ги кршеше срцата и душите. Скршена Јелица лелекаше по Вељко и Теодора. Боже зошто ни ги зеде, повторуваше и ги довикуваше нивните имиња. Ниту таа ниту Зоран мислам дека уште не се свесни што ги снајде, поптполно се надвор од себе. Несреќници, не се одвојуваат од ковчезите, вели роднината кој зборува со треперлив глас.
Роднината наведува дека родителите на Зоран имале седум деца.
Погребот денеска
-Зоран е најстар син, а по него е родена Јелена и имаат уште четири сестри и еден брат. Јелена и Зоран беа речиси нераздвојни, па така и во саботата заедно тргнаа на свадба. Јелена не беше мажен, а заврши право. Таа го сакаше Зоран и неговите деца, ги обожуваше. Ете, така сакаше и судбината, со нив да тргне на оној свет, вели роднината.
Тројцата од семејството Перуничиќ ќе бидат погребани денеска во 13 часот, а општина Пљевља денешниот ден го прогласи за ден на жалост.
Пред 10 години го изгубил таткото, сега децата
Роднините велат дека Зоран и неговиот брат и сестрите пред 10 години останале без татко кој ненадејно починал.
-Во ова време пред 10 години татко им ненадејно почина од инфаркт.Тоа беше болен удар за нивното семејство, посебно за неговата мајка. Сепак успеа некако сите да ги подигне, да ги школува и да станат вредни и чесни луѓе. Мајката на Зоран во времето на трагедијата била во Пореч каде работела. Стигнала во саботата навечер. Оваа жена не знае каде е од шокот, вели расплаканата роднина.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени