Боздаг: Европскиот суд нема право да решава по жалби за референдумот во Турција
Турскиот министер за правда Бекир Боздаг изјави денеска дека Европскиот суд за човекови права нема јурисдикција да носи одлуки по жалби поднесени во врска со референдумот во Турција за проширување на овластувањата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) вчера соопшти дека може да поднесе жалба со барање за поништување на референдумот до Уставниот суд во земјата или до Европскиот суд за човекови права.
Партијата ја најави својата жалба откако Високата изборна комисија ги отфрли нејзините и приговорите на уште две други партии - Демократска партија на народите и Татковинската партија, против резултатите од референдумот.
Опозицијата изрази остри критики од одлуката на изборната комисија, која е усвоена во последен момент на денот на гласањето, да ги прифати како валидни гласачките ливчиња без официјален печат на нив.
Ново на Сител
-
Прв пат во Прилеп, втор пат во Македонија се направи специфична операција на главата на радиусот на лакт
-
Азир Алиу избран за нов министер за здравство
-
Нов осомничен за пожарот во „Пулс“
-
Реакции за пиротехника
-
Полицијата го лиши од слобода струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов кој се сомничи за финансиски злоупотреби
-
Обвинителство: Убиството на Вања е чин кој не може да се оправда
-
Формирана стручна комисија која ќе испитува дали има лекарски пропуст кај починатото дете од Кавадарци
-
Нема драстично поскапување на основните прехранбени производи вели Дурмиши