Бошњаковски: Регистарот на населението не е замена за попис
Поедноставен пристап до сите сервисни и услужни информации во повеќе институции во РМ како што се МВР, Катастар и други треба да овозможи формирањето на Централен електронски регистар на населението, нов владин проект за кој вчера е усвоена информација на владина седница.
Како што изјави за медиумите портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, за реализација на проектот задолжено е Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за внатрешни работи кои до 5 октомври треба да усогласат акциски план за негово спроведување, а конечното решение треба да биде изработено до јули 2018 година.
Тој посочи дека Регистарот на население не може да се поврзува со пописот.
- Кога ќе биде направена и обезбедена самата алатка преку неа можно е да се направи и електронски попис, но таа не исклучува спроведување попис на населението во неговата стандардизирана форма, појасни Бошњаковски.
На новинарско прашање, дополни дека Регистарот на население не е замена за попис и оти Регистар на население е со сосема друга намена.
Во однос на можноста податоци од Регистарот на население да се користат како основа за исполнување на политички права, меѓу другото и оние кои произлегуваат од Рамковниот договор, владиниот портпарол истакна дека станува збор за хипотетичко прашање, бидејќи, како што вели, проектот е во изработка и се уште не е функционален и посочи на искуствата од некои европски земји.
- Алатката во идно време, кога ќе биде целосно функционална, ја има таа можност. Дали државата ќе одлучи да го користи тоа како еден вид потврда на пописните резултати е прашање за кое што ќе се разговара во иднина, вели Бошњаковски.
Централниот електронски регистар на население треба да ги содржи следните полиња за населението во Република Македонија: име, презиме, јазик, ЕМБГ, пол, датум на раѓање, место на раѓање (држава, општина, населено место), лични документи (листа на документи со податоци за број, вид, датум а издавање, датум на важност, статус, место на издавање), мајка (ЕМБГ), татко (ЕМБГ), адреса на живеалиште (општина, населено место, улица, број (број, влез, стан), адреса на привремен престој (општина, населено место, улица, број (број, влез, стан), државјанство (држава, статус, датум на почеток, датум на престанок), драчен статус, датум на брачен статус, сопруг/а (ЕМБГ), националност, смрт, датум на смрт, место на смрт (држава, општина, населено место).
Бошњаковски информира и дека на вчерашната Владина седница на предлог на МВР е разгледана и усвоена и информацијата за потребата од формирање на Меѓуресорска работна група за изготвување и следење на имплементацијата на Планот за реализација на препораките на групата високи експерти за системски прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите.
- Крајната цел е јавно и транспарентно да се избере модел кој ќе биде најсоодветен да ги заштити сите граѓани на РМ тоа што се случило да не се повтори никогаш и да имаме сите јавно и транспарентно усогласен став околу ова, рече Бошњаковски на новинарско прашање за можниот модел на следење на комуникациите кој би бил избран.
Инаку, измените на законот за следење на комуникациите е дел од сеопфатна реформа на законскиот и институционалниот систем за следење на комункациите, предвидена и во Планот 3-6-9.
Ново на Сител
-
Каква економија не очекува
-
Штипска Физикална се модернизира за да одговори на потребите на пациентите
-
На Водно се засекуваат бадникарските дрвца
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран