Македонија
11. February 2019 - 16:40

Бошњаковски: Лажна вест е дека има исшкртани табли, се уште никаде не се поставени

Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, ги демантира информациите кои излегоа во јавноста дека расте револтот кај граѓаните и оти се исшкртани табли со новото уставно име Република Северна Македонија.

„Лажна вест е дека има исшкртани табли, новите табли не се поставени сè уште никаде“, напиша Бошњаковски на Твитер.