Бошњаковски: Климата исклучително подобрена, се оди кон можно решение за името
Владата во овој момент не сака да навлегува во конкретни и суштински расправи во однос на преговорите за името, но како што посочи денеска нејзиниот портпарол Миле Бошњаковски, се оди кон тоа дека постои можно решение кое би одговарало на двете страни.
- Во овој момент не би навлегувале во конкретни, специфични и суштински расправи во однос на преговорите за името, но она што е очигледно и што е јасно е дека климата е исклучително подобрена и во Република Македонија и во Република Грција и се оди кон тоа, како што неодамна најави премиерот, дека постои можно решение кое би одговарало на двете страни, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Како што претходно објави МИА, новата рунда разговори за името ќе биде одржана во Њујорк на 17 јануари
Ново на Сител
-
Пет месеци од трагедијата во Кочани, 18-ти по ред „Марш на ангелите“
-
Тема на денот со Тони Менкиноски
-
Пратениците од ДУИ гласаа против измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Средбата Трамп-Путин заврши без договор за прекин на руско-украинската војна
-
Цела ноќ битка со стихиите кај Јажинце, денеска критично и кај Јасен
-
Славески: Без јасна поделба на универзитетите секое следно рангирање ќе носи фрустрации, не решенија
-
Кога студентите ќе ги добијат ваучерите од 250 евра за електронски уреди?
-
Проблемот со струшката депонија пред судот во Стразбур