Бошков: Да се поттикне вклучување на невработените во формалната економија
Статистичките податоци за намалување на невработеноста во третиот квартал годинава на 26,8 проценти и за раст од 2,6 проценти на БДП во вториот квартал, според претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија Миле Бошков, се во насока на добра креација на идните бизниси и вложувања.
- Анализите покажуваат бројки кои на некој начин може да дадат сигурност и добра насока за планирање нови инвестиции, стапување во нови деловни контакти или на некој начин стабилизирање или намалување на опасноста за водење бизнис и тие макроекономски показатели на некој начин се во насока на добрата креација на идните бизниси и вложувања, изјави денеска Бошков, одговарајќи на новинарски прашања пред тркалезаната маса „Кластерите алатка за зголемување на конкурентноста на макеоднските компании“.
Со самото поттикнување на вработувањата, истакна Бошков, навистина се намалува бројот на невработени во Македонија, но се уште мислиме дека 26,8 проценти е голем процент на невработени за кои сметаме дека треба повеќе да се насочат кон формализирање на своето работење отколку да останат надвор од формалната економија и нерегистрираниот начин на водење бизнис.
- Бројката од 26,8 невработеност е показател за намалување, за растење на свеста дека е многу подобро да се работи во регуларниот бизнис отколку во неформалната економија, а од друга страна е и поттик и иницијатива или да се размислува понатаму да се донесат мерки како уште таа бројка да се намали, изјави Бошков.
Ново на Сител
-
Трамп: Добитничката на Нобеловата награда за мир ми се јави и рече дека ја прифаќа во моја чест
-
ОЈО Гостивар почна истрага за грабежот на златара во Гостивар
-
Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври: Мора да бидеме обединети ако сакаме да го сочуваме она што го наследивме
-
Oдбележување на Денот на народното востание
-
Трамп најави нови 100 отсто дополнителни царини за увозот од Кина
-
Се интензивира кампањата за Локалните избори
-
Мерц му вети на Зеленски засилен притисок врз Москва и проширена одбранбена соработка
-
Стартува Системот за електронско регистрирање на влез и излез преку границите на Шенген зоната