Борут Пахор реизбран за претседател на Словенија
- Актуелниот претседател на Словенија, Борут Пахор победи на денешниот втор круг од претседателските избори, со што освои втор мандат на функцијата шеф на словенечката држава, покажуваат првичните нецелосни изборни резултати.
Според досега преброените нешто над 50 проценти од гласачките ливчиња, Пахор освоил 53,64 проценти од гласовите, додека неговиот противкандидат, градоначалникот на Камник, Марјан Шарец добил 46,36 отсто гласови.
Шарец веќе го призна изборниот пораз и му честиташе на Пахор на освојувањето на вториот претседателски мандат.
Пахор, кој е поранешен лидер на партијата Социјални демократи (СД) и беше словенечи премиер од 2008 до 2012 година, на овие избори настапи како независен кандидати.
Шарец, пак, кој е поранешен член на либералната партија Позитивна Словенија на љубљанскиот градоначалник Зоран Јанковиќ, на претеседателските избори настапи како кандидат на неговата партија Листа на Марјан Шарец (ЛМШ).
Во првиот круг од претседателските избори одржаби пред две недели, како што јави МИА, Пахор освои 47,21 отсто од гласовите, а Шарец 24,76 проценти.
Ново на Сител
-

Гласаат изнемоштени, болни и затвореници
-

Цеца на концерт во Велес развеа бугарско знаме
-

Бугарија забрани извоз на нафта, Македонија нема да биде погодена од ваквата мерка
-

Македонски Каритас преку проект ги мотивира младите за кариерен развој
-

Дневно во Клиниката „Козле“ имаат по 150 прегледи на болни деца
-

Рапиден раст на бројот на пациентите со мозочен удар
-

Балканскиот рис исчезнува
-

Преглед на вестите од светот
