-->
-->
Борис Џонсон: Ќе се борам за функцијата премиер
-->
Британскиот пратеник и водечки поддржувач на Брегзит, Борис Џонсон рече дека ќе се бори за функција премиер откако Тереза Меј најави дека ќе поднесе оставка.
Џонсон и оддаде признание на Меј за трпението и тоа што стоечки ги издржа сите тешкотии околу Брегзит.
Според него, следниот британски премиер, исто така, може да ги оживее блокираните разговори со ЕУ за договорот за излез.
-Нов лидер ќе има можност да ги направи работите поразлично и ќе даде импулс на новата влада, рече Џонсон, неколку часа откако Меј најави дека се повлекува следниот месец.
Според него, Британија треба да биде подготвена да ја напушти ЕУ без договор ако сака да преговара за соодветна спогодба за излез.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Позитивни податоци за земјоделството
-
Комплексот Македонско село повторно ги отвори вратите
-
Ребалансот на буџетот на Владина седница
-
Родителите на деца со попреченост бараат законски измени и редовни месечни примања
-
Преглед на вестите од светот
-
Тензиите на Блискиот Исток ги вивнаа цените на нафтата и гасот
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ