Борел: Мораме да го врземе Западниот Балкан за ЕУ
Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел вели дека приоритет на неговата работа на чело на европската дипломатија ќе биде приближување на Западниот Балкан кон Унијата, како и постигнување договор во дијалогот меѓу Белград и Приштина.
– На прво место мораме цврсто да го врземе Западниот Балкан за Европската Унија, наведува Борел во писмо упатено до министрите за надворешни работи и за одбрана на земјите членки на Европската унија пред првото заседание на Советот за општи работи на ЕУ под негово претседавање.
Во писмото во кое ги изнесува своите видувања за приоритетите и начините на работа поврзани со надворешната и безбедносна политика на Унијата, Борел наведува дека „непосредното соседство“ треба да биде еден од приоритетите на ЕУ.
– Запирањето на конфликтите и излекувањето на раните во непосредното опкружување е важно и за стабилноста и безбедноста на самата ЕУ, смета Борел.
Тој напоменува дека е важно земјите членки на ЕУ да се договорат како ќе го водат процесот на проширување, додавајќи дека за ова прашање ќе работи заедно со министрите за надворешни работи и со комесарот за проширување Оливер Вархеји.
Во делот за „непосредното соседство на ЕУ“, Борел посочува и дека покрај на проширувањето, ќе се посвети и на постигнување „сеопфатен договор меѓу Србија и Косово, како и на поставување на Босна и Херцеговина на патот кон вистинска стабилност“.
Ново на Сител
-
Зголемен број на болни деца поради промената на времето
-
Петнаесет средношколци со симптоми на труење по консумирање сендвичи од штипска сендвичара
-
Македонците годишно фрлаат храна вредна 30 милиони евра
-
Со донација од ТИКА, Уставниот суд започнува процес на комплетна дигитализација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски очекува мирна кампања
-
Орце Ѓеоргиевски најавува чистење на Скопје по првите 72 часа
-
Бујар Османи нуди ова визија за Чаир: Ова не се обични избори