-->
-->
Борел: Ќе побарам од лидерите на ЕУ силна поддршка за предлогот за Косово „што е на маса“
-->

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел изјави дека на денешниот самит ќе побара од лидерите на ЕУ силна поддршка за предлогот за решение на косовското прашање „што е на маса“.
„Ќе побарам од лидерите силна поддршка за да се избегне каква било ескалација и ќе побарам од нив сериозно да работат на овој предлог, што е единствениот начин да се обидеме да ги решиме и нормализираме односите меѓу Косово и Србија“, изјави Борел пред средбата во Брисел.
Тој рече дека ќе ги извести лидерите на ЕУ за состојбите во дијалогот меѓу Приштина и Белград, последните случувања и последните контакти, пренесе Бета.
„Предлогот е на маса. Ги поканувам двајцата лидери (на Србија и на Косово) повторно да дојдат во Брисел – наскоро, за неколку недели – со цел дефинитивно да го протуркаат тој предлог“, рече Борел.
Оценувајќи дека „се оди од криза во криза“, Жозеп Борел нагласи дека „сега е време за деескалација и конструктивна работа“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кросето: Нема надеж дека Украина ќе ги врати Крим и изгубените територии
-

Вработените на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје повторно протестираа
-

Кривична за управител и вработен во угостителски објект, послужиле малолетници со алкохол
-

Алиу: За месец дена ќе излеземе во јавноста со нов пристап кон специјализациите и курикулумот во нашиот здравствен систем
-

Три лица насилно одзеле пари од малолетник во подрачјето на Центар
-

Годишно во Македонија има по 5.000 мозочни удари, најмладиот има само 15 години
-

Ја заклучил во просторија и со средство за чистење ја испрскал во очите, приведен 31-годишен велешанец
-

Втор круг на гласање во 33 општини
