-->
-->
Бонуси до 10.000 евра за сите оние кои ќе се откажат од своите дизел возила
-->

Ауди за купците од Германија припреми пакет стимулативни мерки за да ги замени старите дизел возила за некои нови модели од оваа марка.
Сопствениците на стари дизел возила, Еуро 1 до Еуро 4, кои ќе се одлучат да купат Ауди со Еуро 6 агрегат (по принцип „старо за ново“) ќе добие бонус меѓу 3 и 10 илјади евра, во зависност од тоа кој модел сакаат да го купат.
Оваа акција, која потполно е финансирана од Ауди, засега е достапна само за купците во Германија и се вклопува со другите мерки кои владата на таа земја ги презема за да го намали бројот на „валканите“ дизелаши на патиштата. Освен за Ауди, акцијата важи и за некои користени автомобили на тој производител, кои исто така, ги задоволуваат Еуро 6 нормите.
Купците кои ќе се одлучат за некои од еколошки прифатливите модели, со plug-in хибридни или погон на природен гас, ќе добијат уште подобри понуди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски
-
Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска-Давкова ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим
-
Прославен денот на сесловенските просветители во Прилеп
-
Бугарија засега не потврдува средба Сиљановска-Радев со високи претставници на ЕУ, НАТО и САД
-
Љупчо Димовски реизбран за претседател на СПМ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да ја преиспита улогата на Филипче