-->
-->
Бомба од Иванов: Заев молел да биде аболициран во телефонски разговор после 9-ти мај!
-->

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов во својот кабинет денес ги покани главните уредници на македонските телевизии кои со него прават заедничко интервју.
Уредникот на телевизија Алфа го праша Иванов за коментар по најавите на Зоран Заев дека на Македонија може да и се случи украинско сценарио.
-Сево ова потекна од неговата желба да има гаранција дека нема да биде уапсен и дека нема да му се попречи кариерата. Како што ги има сите снимени разговори, сигурно го снимил и разговорот по 9-ти мај. Нека го преслуша и нека каже што тогаш бараше од мене како претседател. Веројатно во текот на времето Заев ги менува своите ставови, ги менува своите изјави и настојува секој пат да каже дека сето тоа што досега го кажал и направил, не важи. Во политиката кога влегувате, зборот ве обврзува. Испукан куршум и искажан збор , со ништо не се враќа. Сето она што го кажал, ако е повод за ова што се случува тој може да одговара пред судот на јавноста и на избори и граѓаните да кажат што мислат за тоа што тој го направил на држават адосега, рече Иванов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Крајот на декември ќе се одлучува за зголемување на минималецот
-

Колку закони треба да се сменат за да профункционира „Сејф Сити“
-

Тема на денот со Никола Крстаноски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Собранието одлучи: Анкетна комисија за Кочани, модуларната, Беса Транс и Дурмо Турс
-

Возачите сами почнаа да ги обележуваат Safe City камерите на апликации
-

Филипче останува единствен функционер во СДСМ, вели дека лично ќе го води процесот на партиски реформи
-

ИПАРД фондовите во фокус на партиските обвинувања и злоупотреби
