Богдановиќ: Нормално е кога се реконструира улица старите дрва да се заменат
Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ во вечерашното гостување на тема на денот на Сител телевизија за сечењето на дрворедот на улицата „Орце Николов“ за што имаше реакции и од граѓаните и од невладините организации, изјави дека дрворедот ќе биде зачуван, а на оние места каде се исечени старите и шупливи дрва, ќе бидат засадени дрва од истиот вид.
– Нормално е кога реконструирате улица, кога има стари дрва, да ги замените. Ја разбирам реакцијата на граѓаните, но мора да сфатиме дека некогаш мора да го обновуваме зеленилото, рече Богдановиќ, додавајќи дека 15 години имало дописи од граѓани кои живеат на тој потег дека имаат штета од скршени гранки.
Планот е, како што посочи, улицата да се прошири за пешаци и велосипеди, а жителите да добијат резидентен паркинг.
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: До овој момент генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес
-
Локални избори 2025, вести во 12:00 на Сител Телевизија
-
Пожар во куќа во Драчево
-
Прегазена 74-годишна жена во Ресен
-
Израелската војска почна напад врз Газа, јавија израелските медиуми
-
Во Битола до 11 часот гласале 10,66 проценти од избирачите
-
Грабеж во Лувр, музејот затворен за посетители
-
Пресекот на излезноста до 11 часот е 9,38%