Богата програма на „Културно лето Новаци 2016“

Уметничката манифестација „Културно лето Новаци 2016“ која традиционално се одржува под покровителство на општина Новаци и Министерството за култура, годинава е со збогатена жанровска понуда.
Од општина Новаци информираат дека освен фолклор, на програмата ќе има и концерти со класична музика, програми за деца, поетски вечери и други манифестации на кои ќе учествуваат гости од државата и странство.
- Во општина Новаци ќе има фолклорна Балканијада на која ќе учествуваатКУД „Љубомир Иванович-Геџа" од Ковачевац-Србија, КУД „Захумље" од Никшиќ-Црна Гора, ансамбл од бугарскиот град Добриниште, КУД „Новаци" од Новаци и ансамблот за фолклор „Гоце Делчев"од Битола. Во Новаци ќе се одржи и концерт на класична музика како и концерт што ќе го приреди виолинистката Пламенка Трајковска, а исто така ќе се одржи и манифестацијата „Книжевни паметења“, најави Елизабета Јончиќ, координатор на манифестацијата „Културно лето Новаци 2016“.
Во рамки на четвртото фестивалско издание, во општина Новаци ќе се одржи и работилница на тема „Моделираме рециклираме” во која ќе бидат вклучени децата од населените места во таа локална самоуправа.
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
