-->
-->
Бочварски: Реализација на капитални проекти за Штип
-->
Кандидатот за градоначалник на Штип од СДСМ Благој Бочварски истакна дека во текот на изборната кампања промовирани се сите капитални проекти кои, како што рече, ќе се реализираат по 15 октомври. Меѓу нив се гасификацијата, изградба на брана на реката Отиња, жичара на тврдината Исар и чистење на депониите.
- Намалување на цената на водата за пиење која што е од ЈП „Исар“ за 10 отсто, намалување на сметките за смет за уште 10 отсто за секој оној кој што селектира отпад, градење градинка во населбата Сењак, најави Бочварски.
Тој истакна дека преку изборната програма во која се нотирани проекти за Штип покажале како ќе работи новата локална власт. Бочварски ги повика граѓаните да излезат на 15 октомври и да го остварат своето гласачко право.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска