Блокади во Софија поради протест на транспортните работници
Возачите од градскиот превоз во Софија денеска излегуваат на протест, што може да предизвика блокади и отежнато движење во градот. Националниот протест, под мотото „Достоинствен труд – достоинствена плата! Без превоз, нема економија!“, е организиран од синдикатите на транспортните работници.
Од 8:00 часот се очекува демонстрантите да ги блокираат сообраќајните раскрсници во центарот на Софија, а дел од акциите вклучуваат и привремено попречување на работата на метрото, јави БТА. Околу 11:00 часот, протестот ќе продолжи со марш кон Министерството за финансии и Градската управа.
Главното барање на транспортните работници е државата итно да обезбеди дополнително финансирање за секторот, со цел подобрување на платите и социјалната сигурност. Од синдикатите нагласуваат дека моменталните предлози за зголемување на платите во Софија се недоволни.
Ново на Сител
-
СДСМ: Историска измама на власта, над 318.000 пензионери се оштетени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити градоначалникот тепач на Крива Паланка
-
Комунални екипи на 5 скопски општини го расчистуваат просторот на скопското Кале
-
Граѓанските активисти скептици дека ќе се уриваат дивоградбите
-
Преглед на вестите од светот
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Независните се дискриминирани