Блиц: Понуда од 50 милиони долари за вила на поранешната СФРЈ во Њујорк
За познатата Бекманова куќа во Њујорк, вила која ја продаваат држави од поранешна Југославија стигнала досега најсериозна понуда, објави Блиц.
Потенцијалниот купувач нуди 50 милиони долари за таа недвижност која поради огромното историско значење се наоѓа под заштита на државата и градот Њујорк.
Извор на весникот наведува дека процесот на продажба на недвижноста во тој случај е комплициран бидејќи сите држави сукцесори (Словенија, Србија, Хрватска, БиХ и Макеоднија) мора да дадат согласност за да се почнат сериозни преговори.
Освен таа вила и пентхаус на Менхетн, држави од поранешна Југославија продаваат уште три недвижности. За објектот во Токио потребно е да се издвојат најмалку 10 милиони евра, додека почетната цена за објектот во Берлин – 10,2 милиони евра. За недвижност во Бон поранешните држави од СФРЈ бараат најмалку милион евра.
Ново на Сител
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција