Блер: Бомбардирањето на Србија беше правилно, стојам со народот на Косово
Поранешниот британски премиер Тони Блер на денешната свечена седница во Собранието на Косово, изјави дека 25 години по ослободувањето, пред сé, во сеќавање му останале луѓето во бегалските кампови кај Скопје, кои беа преполни со раселени граѓани на Косово.
Блер пред косовските пратеници рече дека времето му враќа многу сеќавања на „десетици политички преговори“, на „дипломатски заложби“ и на „остроумноста за донесување одлуки за време на војната“ и нагласи дека никогаш не се покајал за тоа што го помогнал Косово да се ослободи.
- На денешен ден пред 25 години беше постигнат договорот. Косово конечно се ослободи, луѓето можат да живеат, да се надеваат, повторно да веруваат во иднината ослободени од притисоци и неправди. Денеска се сеќаваме на оние кои загинаа, кои ги дадоа своите животи за ослободување на овој народ. Се сеќаваме на нивната храброст, нивната жртва и им изразуваме вечна благодарност ним и на нивните семејства. Сретнавме косовски бегалци во камповите крај Скопје, слушнавме трогателни приказни. Нивните лица молеа за помош. Помогнавме и никогаш не се покајав заради тоа, изјави Блер.
Тој додаде дека за да им се оддаде почит на паднатите денес мора да се работи на градење на државата.
- Да, тоа беше борба за слобода, но не само за состојбата да се биде слободен, туку затоа што слободата ги отвора умот и душата на човекот. Тогаш ставивме крај на еден кошмар, но сега можеме да изградиме сон. Тоа е она што им го должиме на оние на кои се сеќаваме денеска. Ова би го посакале тие, ова би бил најголемиот подарок за оние кои тогаш ја вршеа должноста, ние го следиме нивниот пример и ја извршуваме нашата должност сега. За народот, за иднината и за убавата косовска нација, рече Блер.
Пред учеството на свечената седница на Собранието на Косово по повод Денот на ослободувањето, Блер утрово беше примен од косовската претседателка, Вјоса Османи и од премиерот, Албин Курти.
Подоцна во текот на денот поранешниот британски премиер ќе биде примен и од градоначалникот на Приштина, Прпарим Рама, при што ќе му биде врачен „Клучот на градот“ и ќе го добие одликувањето почесен граѓанин на косовската престолнина.
Ново на Сител
-
Потребни се уставните измени за старт на преговорите со ЕУ, повтори амбасадорот Рокас
-
Есенската кошничка според СДСМ е фијаско
-
Заврши јавната расправа за Национална стратегија за сајбер безбедност
-
Герасимовски со отчет за тригодишниот мандат
-
Кочанчани се поделија, едни остануваат на блокадите, а други се повлекуваат
-
Скопје домаќин на 12-ти меѓународен симпозиум денови на Јустинијан Први
-
Преглед на вестите од светот
-
Пад на индустриското производство од 7,9% во септември