Македонија
1. October 2023 - 18:08

Битолчанка во пратка со храна му испратила хероин на затвореник

Битолчанка во пратка со храна му испратила хероин на затвореник во КПУ Затвор Битола.

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С.(42) од Битола и Е.К.(30) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, информира МВР.

- На 11.01.2023 во Казнено-поправната установа Затвор Битола, при претрес на пратка со прехранбени продукти, наменета за второпријавениот, бил пронајден хероин, кој му го испратила првопријавената, соопшти МВР.