Битолчанец обвинет за разбојништво, заработи 30-дневен притвор
Основното јавно обвинителство – Битола поведе постапка против 21-годишен битолчанец , поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело „разбојништво“ од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
– Осомничениот на 11.12.2020 година, околу 23:50 часот, влегол во продавница лоцирана на улицата „Партизанска“, наспроти Клиничката болница во Битола со намера противправно да присвои туѓ имот. Тој маскиран со црна безбол капа, ракавици и заштитна маска во црна боја, се приближил до касата, од џебот извадил опасно орудие – нож, започнал да замавнува со него и се заканил дека ќе нападне врз животот на вработената, по што ја отворил касата и одзел од оштетеното правно лице парични средства во износ од 79.200,00 денари, соопшти Јавното обвинителство.
Поради постоење на околности кои укажуваа дека притворот е неопходен за непречено водење на кривичната постапка, постоење на околности кои укажуваа на опасност од бегство и страв дека осомничениот ќе влијае на сведоци или пак ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Битола до надлежниот суд доставил предлог на осомниченото лице да му биде определена мерката притвор.
– Судијата на претходна постапка од Основниот суд Битола го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Колумбискиот претседател го нарече Трамп „фашист“ и го спореди со Хитлер
-
Во тек е голема полициска акција за откривање и запленување на фалсификувани пари
-
Четиригодишното дете од Струга што почина имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
Вкупно седум лица повредени во две одделни сообраќајки близу Кичево, меѓу нив 19-годишна девојка
-
89-годишен битолчанец удрен од автомобил, се здобил со тешки телесни повреди
-
Дончиќ нов играч на Л.А. Лејкерс, трансферот се одвивал во строга тајност, Словенецот не знаел ништо
-
Јаневска за новиот концепт на гимназинско образование: Нормално е да има реакции, не е исклучена можноста за промени