Македонија
10. January 2023 - 16:29

Битола: Тешко повреден маж откако возило удрило во него – возачот избегал од местото на несреќата

На 09.01.2023 во 18.35 часот во СВР Битола било пријавено дека нa ул.„Тодор Паница“ во Битола, патничко возило удрило во К.П.(71) од Битола и го напуштило местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.П., констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.