Битиќи: Пописот ја покажа убавината на разноликоста во нашата земја
Податоците од пописот доаѓаат во правиот момент и се појдовна точка за креирање нова визија и нов правец за движење и развој на нашата земја, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
-Јас ги гледам податоците и резултатите на пописот како бројки во коишто треба сите заеднички да работиме. Да работиме за сите наши сограѓани коишто за жал во овие 20 години не напуштиле за да креираме една подобра иднина за да се вратат, да работиме за нашите генерации, за нашите деца за да не одат за да после 10 години жалиме што отишле. И тоа е за мене најбитно од резултатите од пописот, рече Битиќи во одговор на новинарско прашање пред почетокот на конференцијата „Инфраструктурата го поттикнува развојот и ја поддржува климатската акција“.
Токму конференцијата ја оцени како обид да се врати вербата на граѓаните во институциите и во битноста на државата да испорача квалитетен живот за граѓаните.
-Инфраструктурните проекти во суштина значат квалитет и подобрување на квалитет на животот. Мислам дека наредниот период на сите ни е потребно да работиме на зголемување на довербата дека во Македонија може да се живее подобро, рече Битиќи.
Потенцира дека е добредојдена секоја мерка што треба тоа да го направи.
-Јас сум еден од тие којшто наместо да креираме мерка за денеска сакам да предвидам многу подолго за да им дадам на луѓето појасна визија во каква земја ќе живеат. Мерките секако се добредојдени и мислам дека секој којшто е отворени низ инклузивен процес треба да ги дава. Сметам дека резултатите од вчерашниот попис покажаа неколку работи коишто недостигаат. Во овој момент во државата се одвива процес на креирање на Националната развојна стратегија која што би требало да и даде правец на државата во наредните 10-20 години, посочи Битиќи.
Резултатите од пописот, како што кажа ја покажа и убавината на нашата земја, а тоа, како што кажа, е разноликоста која што постои во нашата земја и колку сме силни.
-Мислам дека немаше подобар ден за објава на резултатите од пописот после успехот којшто го постигна фудбалската репрезентација и еден ден претходно на мечот со Португалија што токму таа различност на луѓето коишто се дел од тимот покажа како може да се постигне успех, нагласи Битиќи.
Ново на Сител
-
Зеленски и се заблагодари на ЕУ за 17. пакет санкции кон Русија
-
Јас пцујам ама не крадам | Пeтар Богојески | Неформално | Sitel Podcast 095
-
Подољак: Ништо не се промени по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин
-
Администрацијата на Трамп планира да депортира 200.000 украински бегалци
-
Мицкоски најави нов договор со друга европска држава
-
Љутков: Разловечкото востание е темелот на нашата држава, историја што не смееме да ја заборавиме
-
Мицкоски: Трикови околу цените на храната нема да толерираме
-
Лимани: Над 700 вработувања на Албанци имаше кога бев заменик директор на електрани