Биста на Хилари Клинтон во Саранда
Во албанскиот приморски град Саранда ќе биде поставена биста на Хилари Клинтон ,претседателски кандидат во САД и екс државен секретар и поранешна прва дама на САД, јави дописникот на МИА од Тирана.
Тома Ника, портпаролот на општина Саранда, еден од најубавите градови на албанскиот морски брег, изјави дека одлуката е донесена едногласно од страна на Советот на општината.
- Бистата ќе биде поставена на главниот булевар, покрај брегот. Тоа се прави во знак на благодарност за придонесот што таа го даде за Албанија на меѓународна сцена, придонесот за Албанците во значајни историски мигови, воопшто за албанското прашање, изјави Ника.
Бистата ја изработи албанскиот скулптор Идриз Балани.
Албанските медиуми ја пренесуваат веста со дополнување дека таа е главна вест во американските медиуми.
Во Албанија, последните години, бисти веќе добија претседателите Вилсон, во Тирана и Џорџ Буш во Фуш Круја, како и Ричард Холбрук во Фиер, додека во Приштина Бил Клинтон за „неговиот придонес за ослободувањето на Косово“.
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора