Бислимовски: Августовските сметки на БЕГ се сторнирани, граѓаните ќе добијат нови
Граѓаните на градот Скопје да бидат спокојни, сметките на БЕГ за топлинска енергија се сторнирани и ќе добијат нови корегирани сметки за месец август, изјави попладнево претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски.
– Оние кои веќе ги имаат платено августовските повисоки сметки, сумата ќе има биде намалена соодветно за повисоката уплатена сума во следните сметки. А во тек на месецов останатите ќе добијат нови коригирани сметки за месец август, рече Бислимоски.
БЕГ на карјот на август достави сметки за парно до скопјани кои беа повисоки за околу 40 проценти. Единствена причина за зголемувањето на сметките за топлинска енергија, како што образложи Бислимовски, е тоа што во нив не е вкалкулирана субвенцијата што ја дава Владата за потрошувачите на топлинска енергија во Градот Скопје.
Ново на Сител
-
Со комеморација претседателката Сиљановска-Давкова се прости со Салмонд кој почина во Охрид
-
Тема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ
-
Нема интерес за згрижување деца
-
ДУИ не се откажува од протести, оценија дека задоцнето се носи новиот закон за правична застапеност
-
Филипче: Нема да бидеме параван за пропаднатите политики на власта
-
Во Македонија за прв пат ќе се прави идентификација на целиот недвижен имот што е во сопственост на државата
-
Дали зголемувањето е доволно?
-
Разговор со Весна Јаневска, Министерка за образование и наука