Бислимоски: Владите во регионот мора да продолжат со инвестиции во енергетскиот сектор
Само преку одговорно менаџирање со енергетските капацитети, може да се амортизираат сложените состојби на пазарот, порача претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, кој заседаваше со 49. Одбор на регулатори на Енергетската заедница што се одржа во Атина, Грција.
– Кога е во прашање енергетскиот сектор, здравствената криза покажа дека компаниите чии услуги се насочени кон домаќинствата изградија практична општествено одговорна комуникација со своите потрошувачи и заеднички со нас, регулаторите, ги премостувавме кризните месеци кога пандемијата имаше пикови. За разлика од нив, дел од снабдувачите кои своите услуги ги даваат на компаниите покажаа поведение кое отвори дебата за регионално зајакнување на правилата во вонредни случаи. Како претседател на Одборот на регулатори ја пренесувам пораката до сите влади во регионот дека мора да се продолжи со инвестициите во енергетскиот сектор што се гарант за безбедна и одржлива енергетска иднина, рече Бислимоски.
На состанокот во Атина присуствуваа претставници на регулаторните тела од Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Македонија, Србија и Украина. Поради пандемијата, состанокот се одржа со ограничен број на учесници, но можеше да се следи и онлајн.
Ново на Сител
-
Заглавени возила кај Галичица
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари