Бислимоски: Не можеме да си дозволиме луксуз да се откажеме од рускиот гас

Во моментов земјава 100 проценти од потребите за природен гас ги обезбедува од Русија и е 100 процентно зависна исто како и Молдавија и Босна и Херцеговина и затоа не можеме да си дозволиме луксуз да се откажеме од рускиот гас, порача вечерва претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски.
-Мојот личен став е дека немаме таков луксуз да се откажеме од природниот гас. Имаме грејна сезона која е во тек и доколку би се откажеле би требало да се грееме со мазут. Покрај тоа, сите компании кои го прават најголемиот извоз во државата користат природен гас. Таа ситуација би претставувала сериозен проблем за работењето на овие компании. Затоа сметам дека во вој момент не можеме да се откажеме од природниот гас, бидејќи реално не веруваме дека има алтернатива и не може во овој момент да има алтернатива, рече Бислимоски во Топ тема.
Откажувањето од рускиот природен гас, како што кажа, ќе предизвика сериозен удар врз македонската економија.
– Очекувам дека и Европската унија ќе треба да помогне во овој регион. Ако имаме проблеми со природниот гас ќе треба да се најде начин да ни помогнат. Верувам дека ќе преовлада разумот и дека ќе продолжи испораката на природниот гас. Во овој момент снабдувањето со природен гас е стабилно и непречено доаѓа. Работи Те-То, БЕГ работи и сите други компании. Го користат по драстично повисоки цени, но најскапа енергија е онаа што ја немате, посочи Бислимоски.
Нагласи дека не се осудува да прогнозира колкава ќе биде цената на гасот во иднина.
– Берзите особено на енергенсите во изминатите неколку месеци се осетливи на секоја изјава и на дневно ниво се менуваат дали нагоре или надоле и многу е тешко да се предвиди што ќе се случи. Во вторникот цената на гасот отиде до 3.000 долари, денеска падна за 50 до 60 проценти, појасни Бислимоски.
Земјава, како што истакна, 80 до 90 проценти од нафтените деривати ги набавува од Грција.
-Затоа верувам дека снабдувањето ќе биде стабилно иако и Грција има некој дел руска нафта. Доколку Грција има проблеми и ние би имале проблеми, но сега за сега е стабилно, потенцира Бислимоски.
Ново на Сител
-

Ѓоковиќ ја „освои“ Атина и 101.турнир во својата кариера
-

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката
-

Расправа за Предлог-буџетот за 2026 година во матичната собраниска комисија на 14 ноември
-

Договор Унгарија-САД: Изземање од санкции за руски енергенси, Будимпешта купува американски ЛНГ
-

Протест во Тузла, се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички
-

Ѓорѓиевски: Се чисти кејот на Вардар, се поставуваат украсни канделабри на плоштадот „Македонија“
-

ЕУ ги осуди израелските напади во Јужен Либан и повика на почитување на примирјето со Хезболах
-

Руте: Нуклеарните вежби покажаа дека НАТО има силни сили за одвраќање
