Били Ајлиш се извини за „расистичките пројави“ од детството
Били Ајлиш се извини за користењето назив навредлив за луѓето со потекло од Азија и за имитирањето нагласок што на некои им звучеше како „азиски“.
Имено, пред извесно време, на интернет „протекоа“ постари видеа од неа како се труди да го изговори зборот што понеобично и посмешно, и како зборува со, за неа – неприроден нагласок.
„Ве сакам, друштво… Многумина од вас бараа да се осврнам на ова. И ова е нешто на што САКАМ да се осврнам затоа што ме означува како нешто што не сум… Има една видеомонтажа од мене кога имав 13 или 14 години, кога изговорив збор од песна за којшто во тоа време не знаев дека е погрден израз што се користи против азиската заедница… Јас сум згрозена и засрамена што воопшто сум го искористила тој збор. Во оваа песна единствен пат го слушнав тој збор, бидејќи никогаш не бил користен околу мене, од никој во моето семејство. Без оглед на моето незнаење и возраста тогаш, ништо не го оправдува фактот дека тоа беше штетно. И за тоа, жалам“, напиша таа на Инстаграм.
Натаму, таа се осврна и на другото видео во коешто зборува со измислен глас.
„Тоа е нешто што почнав да го правам како дете и го правам целиот мој живот кога разговарам со моите миленици, пријателите и семејството. Тоа е апсолутно глупост и само јас глумам, и во никој случај не е имитација на никого или на кој било јазик, нагласок или култура, НИ НАЈМАЛКУ“, напиша Ејлиш, додавајќи дека најмалку што сакала, е со тоа да предизвика болка кај луѓето.
Ново на Сител
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена
-
Костадинов бара заминување на раководството на СДСМ
-
Николоски: ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи, Филипче да поднесе оставка
-
Во пет од десет скопски општини ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе имаат мнозинство во советот
-
Кривични за две лица од Крива Паланка, се заканувале на вработени во АХВ
-
Паднаа серверите на компаниите, апликациите и социјалните мрежи кои соработуваат со „Амазон“
-
Кикбоксерите од Балканското куп првенство во Белград донесоа 42 медали
-
Шпанија ќе ѝ предложи на Европската Унија трајно да го укине поместувањето на часовникот