„Билд“: Германија го стопира извозот на оружје за Турција
Петер Алтамјер денеска ниту ги потврди ниту ги негираше наводите на германскиот дневен весник „Билд“ кој објави дека Германија го запре целиот извоз на оружје за Турција.
Алтамјер, советник на германската канцеларка Ангела Меркел, посочи дека Берлин ќе разгледа дали е неопходно да се преземат понатамошни мерки за тоа прашање.
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле истакна оти турските власти произволно апсат и не ги почитуваат ниту минимум конзулартните стандарди, со што Турција наликува на поранешна Источна Германија.
- Ако Турција не престане да ја игра ова мала игра, мораме да им кажеме на граѓаните дека патуваат во Турција на сопстѕвен ризик и дека ние не можеме ништо да им гарантираме, посочи Шојбле за германскиот дневен весник „Билд“.
Според анкетата на германскиот магазин „Фокус“ мнозинството Германци (77 проценти) поддржуваат прекин на преговорите за члченство на Турција во Европска унија, додека само 16 отсто изјавиле дека треба да продолжат преговорите.
Ново на Сител
-
Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа
-
Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!
-
Европски лидери се придружуваат на Зеленски за средбата со Трамп во Вашингтон
-
Пожари во Црна Гора - критична состојба во Пипери и околните општини
-
Мерц со критика за самитот Трамп - Путин: Помалку ќе беше повеќе
-
Земјотрес од 6 степени во централна Индонезија, најмалку 29 повредени
-
По вчерашните немири во Србија, повредени шест полицајци, приведени 56 лица
-
ЦУК: 10 пожари на отворен простор, шест активни и еден под контрола