Без струја утре дел од Центар, Гази Баба, Сарај и Петровец
Заради технички зафати во електро-системот утре без електрична енергија ќе останат корисниците од повеќе населени места, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД,
Во време од 09:00 до 14:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од реонот Гази Баба ( општина Гази Баба), во општина Сарај во време од 09:00 до 15:30 часот корисниците од околината на училиштето во с. Радуша и од 09:00 до 16:00 часот корисниците од селата Дворце, Радуша и Орашје.
Без струја во време од 10:00 до 16:00 часот ќе бидат и дел од корисниците од с. Петровец во општина Петровец, а во време од 09:00 до 13:00 часот дел од корисниците од ул. „Партениј Зоографски“ во општина Центар.
Ново на Сител
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија