Без струја неколку гевгелиски села поради дефект на 10 киловолтниот далекувод
Покрај зголемената потрошувачка на електрична енергија регистрирана од почетокот на годинава, ниските температури и снежните наноси ја прекинаа испораката на струја во неколку планински и подпланински села во општина Гевгелија поради дефект на 10 киловолтниот далекувод.
Од енергетскиот центар на ЕВН во Гевгелија денеска соопштија дека за време на викендот било нормализирано електроснабдувањето во селата Негорци, Смоквица, Прдејци и Милетково и дека вчера во попладневните часови под напон се ставени планинското одморалиште Смрдлива вода, Ски центарот Кожуф и планинските села Серменин и Конско.
Дежурните екипи на ЕВН од Гевгелија поради високите снежни навеви не биле во можност да го отстранат само дефектот на линијата што го напојува со струја планинското село Ума. Поради тоа во текот на вчерашниот ден до најблиското проодно место транспортирале специјална санка со која ќе се пробијат до лоцираното место на дефектот и во текот на денот и ова село ќе добие струја.
Ново на Сител
-
Царината наплати над 190 милиони евра во април – речиси 13 милиони повеќе од лани
-
АХВ казни 14 месарници – Уништени над 300 килограми небезбедна храна
-
Мапирање на диви депонии со помош на вештачка интелигенција - пилот проект во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава