Без струја делови од Петровец, Студеничани, Бутел и Карпош, вода нема да има во дел од Центар
Без струја денеска ќе бидат повеќе места во општините Петровец, Студеничани, Бутел и Карпош, додека вода ќе нема на неколку улици во Центар, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во период од 14 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од Катлановска Бања (општина Петровец), а во период од 08:30 до 14 часот, корисниците од село Морани, ТС Конзерва Еџпорт 2 и 1, ТС Сабри и ТС Сепарација (општина Студеничани).
Корисниците од улица „Александар Урдаревски“ број 15 кои се дел од друштвото Скопски пазар Бутел (општина Бутел) ќе немаат струја од 8 до 15 часот, а корисниците од дел од улица „Леринска“, „Ловќенска“ и „Стрезова“ (општина Карпош) од 9 до 13 часот.
Поради поврзување од стара на нова мрежа од Ф-150 мм на улица „Митрополит Теодосие Гологанов“ бб кај кружниот тек во населба Центар, прекинато водоснабдување од 9 часот до санирање на дефектот ќе имаат корисниците од улиците „М.Т.Гологанов“, „Шумадиска“, „Борка Талевски“, „9ти Мај“, „Петар Поп Арсов“, „Костурски Херои“ и „Роза Луксембург“.
Ново на Сител
-
Кои државни институции го полнат буџетот?
-
Туризмот, образованието и инфрастуктурата - фокус на соработка со Обединетите Арапски Емирати
-
Преглед на вестите од светот
-
ДКСК бара ревизија на законите за издавање лиценци
-
Панел дискусија: Борба против корупцијата - иновации против нелегалната моќ
-
Објавен годишниот извештај за почитување на човековите права
-
Формирање на задруги за подобар пласман
-
Преглед на вестите од светот