Без милост: Владата подготвува откази за 11.000 службеници
Рационализацијата најмногу ќе ги погоди вработените во просвета и во локалната самоуправа во Србија, каде има вкупно 5.300 вишок.
Без работа годинава ќе остане 11.241 работник, а најмногу откази ќе има во образованието и локалната самоуправа, каде без работно место ќе останат вкупно 5.300 службеници и наставници.
Имено, Владата на Србија по повеќе од 4 месеци закаснување, ја усвои одлуката за максимален број вработени на неодредено време во јавниот сектор за 2017 година.
Некому ќе му се раздени
-Планирано е во јавниот сектор, заклучно со 2017 година, максимално да бидат вработени 451.433 лица, што е за 11.241 помалку во однос на 2015 година, кога е донесена претходната одлука на Владата. До крајот на оваа година предвидено е намалување од над 2.700 норми (или полно работно време) во основното и средното образование, како и смалување на бројот на вработени на локално ниво за 2.500 - наведуваат од Министерството за државна управа и локална самоуправа.
Без работа ќе останат, освен наставници, професори и вработени во локалната власт уште и 5.941 работник, меѓутоа, од Министерството не соопштија кои државни ресори ќе бидат погодени со оваа рационализација.
Сепак годинешната одлука на владата може да ги израдува медицинските работници, лекарите, даночните инспектори и правниците.
-Годинава акцент е ставен на јакнење на капацитетите во ресорот здравство, правда и даночнат управа. Имено до крајот на годината во план за вработување се 2.500 медицински сестри и 500 даночни инспектори кои имаат водечка улога во борбата против сивата економија и воведувањето на систем за контрола на примената на законите. Предвидено е и јакнење на капациетети во ресорот правда за да дојде до поефикасно и посигурно правосудство, велат од министерството.
Резови и во фирмите
Инаку, од откази не се изземени ниту јавните претпријатија, кои исто така, според договорот со ММФ, спроведуваат реструктуирање. Од 2013 кога е донесена одлука за вработување во јавниот сектор и републичките јавни претпријатија. заклучно со април, е намален за 42.437 работници.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Осум уапсени за сквернавење на македонското знаме, ќе има уште многу, најавуваат од МВР
-
Мицкоски: Инцидентите се дел од планот за дестабилизација
-
Мицкоски најавува справување со корупцијата во правосудството од понеделник
-
Мицкоски: Ние веќе немаме што да дадеме
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
-
Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот