Бев пијан, не се сеќавам дека сум го силувал синот: Сослушан таткото монструм од Јагодина, одреден му е притвор
Драган П. (65) од Јагодина, кој е уапсен поради сомневање дека си го силувал синот, на сослушувањето се бранел со молчење, наведувајќи дека бил пијан и дека на ништо не се сеќaва. Судијaта го прифатил предлогот на обвинителството и му одредил притвор до 30 дена.
- Случајот го пријавиле од училиштето во кое детeто (14) одело. Наставницие приметиле дека чудно се однесува па го повикале на разговор со психолог и педагог каде им се доверил за траумите кои ги доживeал дома.
По пријавувањето во полиција детето е земено и сместено кај фамилијата на семејството. Низ солзи објаснил на инспекторите како неговиот татко по враќањето од училиште го фрлил на кревет, му ги соблекол панталоните и се иживувал над него.
По апсењето Драган ги негирал тврдењата на својот син за силувањето и заканувањето дека ќе го искасапи со секира ако на некого каже што се случило.
Од друга страна, Б.П, сопруга на уапсениот Драган на прашање на новинарите категорично тврдела дека се е лага и дека поради тоа ќе ги тужи новинарите кои пишуваат за случајот.
Ново на Сител
-
Паднаа Фејсбук, Инстаграм,Месингер
-
Средба на министерот Тошковски со Симон Ридли, државен секретар за внатрешни работи на Обединетото Кралство
-
32-годишен скопјанец ги нападнал неговата мајка и баба
-
Тројца малолетници нападнале 60 годишник на автобуска во Гази Баба
-
ЕУ со нови санкции за Русија
-
Бунтовниците го укинаа полицискиот час во Дамаск
-
Царинска управа: Запленети накит, девизи, цигари, облека и автоделови
-
Костадиновски: Одлуката за подготвителна седница не е слабост, Судот ќе одлучува за иницијативите за Законот за јазиците најдоцна во мај