Бесплатно тестирање за хепатит Ц-Б и ХИВ
Бесплатно и анонимно тестирања за хепатит Ц-Б и ХИВ денеска од 9:30 до 12:00 часот во ТЦ Рамстор мол во Скопје организира Хепар Центар Битола, по повод Светскиот ден за борба против хепатитот.
Целта на настанот е подигнување на свесноста за борба против хепатитот Б и Ц, како јавно здравствен проблем на светско и на европско ниво. Оваа година ќе биде посветена на пронаоѓање на луѓето кој не се свесни дека го носат овој вирус.
Настанот е поддржан и во партнерство со Министерството за здравство, СЗО регионална канцалрија Скопје, Светската алијанса за Хепатит, ЕЛПА, Фондот за здравствено осигурување, Алијансата на пациентски организации на Македонија.
Статистиките на глобално ниво покажуваат дека 80 отсто од инфицираните со хроничен хепатит Б или Ц, доколку навремено не се третираат добиваат карцином на црниот дроб или малигното заболување, хепатоцелуларен карцином, што претставува директна опаснот по животот на пациентот.
Ново на Сител
-
Хрватската полиција конфискувала над 700 илјади евра пронајдени во автомобил, уапсен албански државјанин
-
Уапсен член на избирачки одбор во Чаир
-
Хамас: Пронајдовме тело на уште еден заложник, ќе го предадеме ако „дозволат условите“
-
Локални избори 2025, вести во 16:00 на Сител Телевизија
-
Мирен изборен ден во Штип, Пробиштип, Свети Николе и Карбинци
-
Во Битола до 15 часот гласале 31,45 проценти од гласачите
-
Израел започна воздушни напади врз централна Газа
-
Излезноста до 15 часот на ниво на држава е 31,32%