Бесими: Големи се очекувањата за имплементирање на политичкиот договор за да добиеме нова препорака
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски интеграции, Фатмир Бесими, денеска во Брисел оствари средби со првите луѓе во Директоратот за проширување на ЕУ, како и со еврокомесарот за образование Тибор Наврачич, на кои главна тема беше претстојниот прогрес-извештај на Европската комисија и очекувањата на Комисијата во однос на нашата земја.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, вицепремиерот Бесими потврди по овие средби дека имплементирањето на политичкиот договор од 2 јуни/15 јули било главна тема, од што зависи и дали Еврокомисијата ќе додели седма последователна препорака за отворање на преговорите за членство на Република Македонија во Европската унија.
- На средбите со директорот на Директоратот за проширување на ЕУ, Кристијан Даниелсон и со првиот човек за одделението за Македонија во овој директорат, Жан-Ерик Паке, главна тема е претстојниот прогрес-извештај. Очигледно е дека очекувањата во Брисел се големи за Македонија и за тоа земјата задолжително и ефикасно да работи на имплементација на политичкиот договор од 2 јуни, заедно со пакетот на реформи што треба да ги направи нашата земја. Целта е сето тоа соодветно да се рефлектира во претстојниот извештај и Македонија да биде пред Европскиот совет со уште една препорака за отворање на преговорите за членство во ЕУ и со извештај што ќе даде насоки за во наредниот период да се реализира агендата за проширување на ЕУ со натамошен прогрес на очекуваните реформи што се најзначајни за Република Македонија, посочи Бесими.
Според првиот човек за евроинтеграции на нашата држава, денешната негова посета на европската престолнина, исто така беше и во однос на регионалната конференција што се организира во Брисел за ИПА-фондовите што се наменети за повеќе држави и подобра координација во наредниот период.
- Исто така имав средба и со еврокомесарот за образование Тибор Наврачич со кого разговаравме во однос на политичките збиднувања во Република Македонија, но и за работите што се однесуваат за развојот на земјата и за улогата што во тој контекст ја има и образованието, односно искористување на програмите на ЕУ за поддршка на младите во однос на образованието, додава Бесими.
Заменик-претседателот на македонската Влада, денеска исто така го пренел и договорот за одржување на Балканска конференција на министрите за евроинтеграции од регионот, а по објавувањето на прогрес-извшетаите на ЕК, што веднаш откако тоа ќе го стори неформалната Влада на Европската унија, ќе се одржи во Скопје.
- Всушност, сето тоа е дел од агендата, покрај редовните средби што ги имаме со комесарот за проширување Јоханес Хан и Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини, а тоа е да се среќаваме и со другите комесари, зависно од темите. Во таа насока е и денешната средба со комесарот за образование Наврачич, потенцира вицепремиерот Бесими.
Ново на Сител
-
Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект на правно лице во Зелениково
-
Зеленски и Трамп разговараа за потенцијално заедничко производство на беспилотни летала
-
Прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од централното подрачје на Скопје
-
Путин не може да биде среќен од резултатите од Самитот во Хаг, смета Руте
-
Роналдо му се заблагодари на Пиоли по заминувањето од Ал-Наср
-
Виолетовата медуза повторно присутна во делови на Грција
-
Трамп ја потврди посветеноста на колективната одбрана на НАТО и го поздрави растот на трошоците за одбрана
-
Измени на Законот за воздухопловство, предлог да се зголеми на шест години финансиската поддршка за нови авиолинии