Бесент: Русија ќе ги почувствува последиците од американските санкции

Американскиот министер за финансии Скот Бесент синоќа изјави дека Москва ќе ги почувствува непосредните ефекти од американските санкции врз својата економија.
-Мислам дека Русија веднаш ќе ја почувствува болката. Можам да ви кажам дека веќе видовме како Индија целосно престана да купува руска нафта. Многу кинески рафинерии престанаа да работат, рече Бесент во интервју за Си-Би-Ес Њуз, кога беше замолен да ја коментира изјавата на шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, дека американските санкции „нема да имаат влијание врз руската економија“.
Тој го нарече Дмитриев „руски пропагандист“.
-Дали навистина ќе објавите што вели рускиот пропагандист? Што друго можеше да каже? Дека сè ќе биде ужасно и дека тоа ќе го принуди (рускиот претседател Владимир) Путин да седне на преговарачка маса?, рече Бесент.
Министерот за финансии на САД додаде дека економскиот раст на Русија за време на целосната војна против Украина е практично непостоечки. Според него, стапката на инфлација во Русија е над 20 проценти.
-Сè што ќе направиме ќе го принуди Путин да седне на преговарачката маса. Нафтата ја финансира руската воена машина и мислам дека можеме значително да ги намалиме нејзините профити, нагласи Бесент.
Министерот за финансии на САД истакна дека приходите од извоз на руска нафта се намалени за 20 проценти во однос на истиот период минатата година и би можеле да паднат „уште 20 проценти или дури 30 проценти“.
-Ова е кампања за максимален притисок што ќе функционира... Американскиот претседател Доналд Трамп повторно е критикуван дека не прави доволно. Тој го прави својот смел потег, а потоа цитирате руски пропагандист, рече Бесент.
МИА
Ново на Сител
-

Приведени директорот и уште еден раководител на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје
-

Мицкоски и Филипче во дуел за резултатите на владата
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат за градоначалник на Центар од СДСМ
-

Приведени директорот и уште еден раководител на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје
-

Мицкоски: Нема преговори со Мерко за поддршка во Струга, тој е на црна листа
-

Уште 5 дена од кампањата за вториот круг, кандидатите за градоначалници и денеска на терен
-

Петар Јанков и официјално ја презеде градоначалничката функција
-

11 месеци затвор за таткото кој нападна малолетни фудбалери на натпревар во Штип
