Бенсалах вети слободни избори во Алжир
Парламентот на Алжир вчера го именуваше Абделкадер Бенсалах за привремен претседател на земјата, а тој во своето прво обраќање до нацијата вети дека ќе организира слободни избори.
Неговата изјава уследи откако граѓаните повторно излегоа на улици во знак на протест поради именувањето на Бенсалах за привремен претседател на Алжир. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги запре протестите.
Бенсалах истакна дека „ќе се консултира со политичката класа и цивилното општество во потрагата по нов Алжир“.
Парламентот вчера го именува Бенсалах, претседателот на Горниот дом на Парламентот, за шеф на државата на максимум 90 дена, во согласност со Уставот, до организирање нови избори.
Бенсалах беше главен сојузник на Бутефлика. Поголем дел од опозицијата се воздржа од гласањето.
Ново на Сител
-
Државата им плаќа да студираат на престижни универзитети, ама не го користи нивниот потенцијал
-
ЕУ очекува уставни измени и почитување на Преспанскиот договор од новата Влада
-
Ибраимовски демантира дека им се заканувал по живот на уставните судии
-
Камбовски: Распуштање на Судски не е опција
-
Преглед на вестите од светот
-
На секоја втора фирма во Македонија и се барало мито
-
Граѓаните не се доволно вклучени во процесот на носење одлуки
-
Не запираат дивоградбите во Охрид