Свет
16. April 2017 - 10:29

Бели шлемови: Најмалку 100 загинати близу Алепо

Најмалку 100 луѓе загинаа во експлозијата што вчера се случи во близина на конвој автобуси што чекаа да влезат во сирискиот град Алепо, соопшти Сириската цивилна одбрана.

Тие хуманитарци познати и како Бели шлемови наведуваат дека нивнте доброволци однеле најмалку 100 тела од местото на експлозијата. Експлозијата се случи во областа Рашидин, близу Алепо покрај десетина автобуси во кои се наоѓаа воглавно шиити евакуирани од две сириски села.