Белград со поддршка за Српска листа да биде дел од владата на Харадинај
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија во Владата на Србија, Марко Ѓуриќ, по средбата со претставниците на Српска листа во Белград, изјави дека ја имаат поддршката на претседателот Александар Вучиќ, Владата и институциите на Србија, да бидат дел од владата на Рамуш Харадинај.
- По консултациите и добиената поддршка за влез во новата косовска извршна власт, гласањето за владата во Парламент се очекува да биде вечерва, по пристигнувањето на пратениците на Српска листа од Белград, објави издание на приштинскиот весник „Експрес“.
Според истиот извор, српскиот претседател Вучиќ, изјави дека не го сменил својот став кон Харадинај, додавајќи оти одлуката дали ќе бидат дел од владата, Србите ќе ја донесат самите.
- Одлуката за евентуално учество во владата на Косово може да ја донесат единствено Србите, кои го чуваат постоењето на нивниот народ во Косово, истакна Вучиќ.
Српска листа се очекува да биде дел од владината коалиција со ПАН (Демократска партија, Алијансата за иднината на Косово и Иницијатива за Косово), Алијансата за Ново Косово и пратениците од немнозинските етнички заедници и ќе добие три министерски места, при што еден од министерите ќе ја врши и функцијата вице премиер.
Ново на Сител
-
Овошките на удар од ниските температури
-
Црвен крст - Штип организира обуки за прва помош за заинтересирани граѓани, фирми и ученици
-
Преглед на вестите од светот
-
Кога се трошеле најмногу државни пари
-
Пожарот во „Пулс“ ја зеде 61-та жртва, почина пациентот кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото на Вања негира вмешаност во случајот
-
Тема на денот со Аким Али, претставник на СЗО на Македонија
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”