Белгија уапси еден од координаторите на терористичките напади во Париз

Припадниците на безбедносните сили на Кралството Белгија, во синоќешната операција за апсење на осомничени лица поврзани со терористичките напади што се случија минатиот месец во Париз во кои загинаа 130 лица, наводно уапсила лице што ги координирало овие напади.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, во акцијата во населбата Дансер во главниот белгиски град, полицијата уапсила двајца браќа кои според телевијзата “РТЛ” се именувани како Хамза и Сабри и се Белгијци од туниско потекло.
Од пребарувањето спроведено синоќа, се уште нема официјални информации но се наведува дека е уапсен “важен нов осомничен за нападите во Париз на 13-ти ноември”. Во соработка со француските власти, белгиските безбедносни сили се во потрага по човек што ги координирал нападите во Париз директно од Белгија. Според истрагат ана француските власти, многу телефонски контакти се воспоставени меѓу Франција и Белгија вечерта на нападите во Париз. Притоа, пораки се испратени од два одредени мобилни телефони од Белгија и сега, наводно, инспекторите го уапсиле лицето што ги поседува овие уреди и кое би можеле да биде тој што заедно со Абделхамид Абоуд, кого Французите пред три недели го убија во акција за негово апсење во населбата Сен Дени во Париз, ги координирале нападите.
Според ТВ “РТЛ”, синоќа уапсениот Хамза има 23 години и работи во областа на безбедноста во приморското градче Остенд, додека 30-годишиот Сабри работи во книжарница и е во брак во кој има три деца.
Нивниот татко е од Тунис и пристигнал во Белгија во 1970 година Според нивните роднини, тие не разбираат каква е врската на двајцата млади луѓе со нападите во Париз, бдиејќи според нив браќата никогаш не покажале никакви знаци на радикализација.
Ново на Сител
-

Бран протести низ Бугарија: Како одговор на граѓанскиот гнев предлог-буџетот е повлечен, но притисокот за предвремени избори продолжува
-

Руте: Само Трамп може да го надмине ќорсокакот во војната во Украина
-

Приведен дрвокрадец од село Мартолци, Општина Чашка
-

1300 евра казна за камиони кои со кал на гумите се вклучувале во сообраќај од градилиште во Аеродром
-

Од 110.000 на 50.652 – бројката на регистрирани сообраќајни прекршоци преполовена за еден ден
-

Стевче Трпковски нов директор на „Дрисла“, Владимир Кроневски на „Градски паркинг“
-

Еве како се шверцуваат цигари во камиони на ГП Ново Село | ВИДЕО
-

Дечињата од кикбокс клубот Fight Gym M4 со 9 медали на „PHX CUP Germany 2025“
