Бектеши: Во делот на економијата можеме лесно да се усогласиме со Бугарија
Во делот на економијата најверојатно ќе можеме многу лесно да се усогласиме на меѓувладината седница што во вторник ќе се одржи во Софија, посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
-Во делот на економијата, трговијата, енергијата ги направивме сите подготовки. Ќе одиме во понеделник, вторник во Република Бугарија со конкретни предлози и конкретни договори и меморандуми што би ги потпишале. Ќе ја слушнеме и нивната страна кои се нивните предлози и најверојатно во делот на економијата можеме многу лесно да се усогласиме, рече Бектеши во одговор на прашање при денешната посета на општина Сарај.
На 25 јануари владите на Северна Македонија и Бугарија треба одржат меѓувладина седница во Софија со која ќе претседаваат новите премиери на двете држави, Димитар Ковачевски и Кирил Петков.
Ново на Сител
-
Снопче: Aкo Мицкоски каже да ја напуштиме Владата, веднаш ќе го сториме тоа
-
Тема на денот со Халил Снопче, пратеник од Алијанса за Албанците
-
49 осомничени во акција на ОЈО ГОКК и МВР
-
Три ипол години затвор за Стевчо Јакимовски
-
Струмица ќе ѝ помогне на Кочани со кадар и искуство
-
Пет пациенти од пожарот во Кочани се враќаат од лекување од Србија
-
Палевски: Криминален ум би ја убил мајката, а не Вања
-
РЕК Битола ја исчисти недозволената количина на пепел, тврдат дека не била токсична