Бектеши се сретна со грчкиот заменик министер за економија Питциорлас
Во рамки на посетата на владината делегација на Будимпешта, министерот за економија Крешник Бектеши имаше неформална средба со заменик министерот за економија и развој на Република Грција, Стергиос Питциорлас, на која разговарале за перспективите на економската соработка меѓу двете земји.
На средбата, како што соопшти Министерството за економија, во духот на градење пријателски добрососедски односи и релации беа изразени очекувања за унапредување и интензивирање на соработката меѓу Македонија и Грција на економски план, а како што беше потенцирано посебно внимание ќе биде посветено на енергетското и инфраструктурно поврзување на двете земји.
- Министерот за економија, Бектеши порача дека заеднички интерес е економиите во двете земји да бележат раст, да се унапредува квалитетот на живот на сите граѓани и во тој дух важно е интензивирањето на соработката, се наведува во соопштението.
Воедно, било оценето дека двете земји во иднина ќе работат заедно на регионални проекти важни за интересот на граѓаните од двете земји.
Ново на Сител
-
Став на СПМ за измена на државниот грб
-
ДУИ: Преседан - државниот врв не ја честиташе независноста на Косово
-
Предлогот за разрешување на Коцевски на владина седница
-
Демонстрации против Трамп под слоганот „Без кралеви на денот на претседателите“
-
Aвионска несреќа во Торонто, повредени осумнаесет лица | ФОТО + ВИДЕО
-
Во Ријад ќе преговараат високи претставници на САД и на Русија
-
Од утре намалување на облачноста и ниски утрински температури
-
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози