Македонија
17. February 2025 - 16:39

Анкета: Само 20% од граѓаните поддржуваат уставни измени, ЕУ има желба да помогне за интеграција на Македонија

Европската унија и натаму останува најважен сојузник и најголем економски партнер. 62% од граѓаните го поддржуваат членството во унијата, што прв пат по четиригодишниот пад на поддршката, таа бележи зголемување од 2%.

Сепак високите бројки не значат и поддршка за уставните измени. Според анкетата која ја спроведе Институтот за демократија, само 20% од граѓаните го поддржуваат внесувањето на Бугарите во Уставот, а исто толку граѓани сметаат дека преговорите треба да сопрат или преговарачаката рамка треба да се промени. Поддршката за ЕУ е најголема помеѓу популацијата од 35 до 54 години, анкетата бележи интересен тренд кај младите до 24 години кои сметаат дека треба да се зајакне соработката со Кина, додека постарата популација над 65 години смета дека треба да се зајакне соработката со Русија.

Според евроамбасадорот Рокас охрабруваат бројките на висока поддршка за ЕУ, но и првата средба помеѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија особено во овој период кога и самата унија е свесна дека само обединета може да ја зајакне својата безбедност. 

Наивно ќе биде Македонија повтроно да го промени Уставот без гаранции дека процесот ќе се придвижи, вели Милошоски. Затоа владата ќе бара гаранции од Брисел Софија и Вашингтон.  

Веќе еднаш имавме уставни измени за името, и лошите искуства се доволно силни аргументи, Македонија со право да побара одредена извесност за патот кон ЕУ, бидејќи гледаме дека ЕУ не говори со еден глас. Нема сериозна визија за Западниот Балкан и времетраењето на зачленувањето и проширувањето на овие земји. Сметам дека одложеното дејство е рационален аргумент кој би можел да биде поттик за Македонија да се интегрира, Бугарија да не блокира а ЕУ да го менаџира тој процес до конечната цел“, Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквите ставови на владејачката партија се пресликуваат и во ставовите на нивните поддржувачки.

Анкетата бележи зголемување на поддршката за членсвто во ЕУ помеѓу симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, од 43% во 2023та на 55% минатата година. Сепак само 4% од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ даваат поддрша за уставните измени, за разлика од симпатизерите на СДСМ, ДУИ и ВРЕДИ чија поддршка се движи од 45 до 60%. Анкетата е спроведена теренски во периодот од 25 октомври до 4 декември минатата година врз реперезентативен примерок од 1056 испитаници.