Бејли: Изборите на 5 јуни може да бидат кредибилни
Ако секој работи напорно и игра според правилата, веруваме дека изборите на 5 јуни може да бидат кредибилни и да ја придвижат Македонија напред во надминување на политичката криза, изјави амбасадорот на САД Џес Бејли откако политичките партии договорија пролонгирање на изборите од 24 април на 5 јуни.
Одговорајќи на новинарско прашање, што ако некоја од политичките партии ги бојкотира изборите, Бејли рече дека сите партии треба да партиципираат во процесот.
Во врска со реформите во медиумите, американскиот амбасадор напомена дека тие не се клучни само за изборите, туку мора да се спроведат во интерес на целото општество.
- Реформите во медиумите остануваат многу важен дел не само од изборниот процес, туку се и една од приоритетните реформи што треба да се спроведат. Како медиумите и медиумската сфера ќе бидат оценети зависи од тоа како ќе ја извршат својата задача, како ќе ги покријат овие многу битни избори. Сите вие потпишавте Етички кодекс и затоа најважно ќе биде како ќе ја завршите вашата работа и да им помогнете на македонските граѓани да бидат информирани, истакна Бејли, кој беше придружуван од европратениот Ричард Ховит и од в.д. амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Скопје Лукаш Холуб.
https://
Ново на Сител
-
Кавадарчанка пријавила вознемирување со објави против неа, закана и обид за физички напад
-
Предлог-буџетот за 2025 на собраниската седница закажана за 10 декември
-
Винисиус сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија
-
При претрес во Радовиш, пронајдена дрога, пушка и муниција
-
Променливо време со повремен дожд и ветер до крајот на неделава
-
СДСМ и натаму бара лидерска средба
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ниту лидерска средба, ниту Заев нема да го направат Филипче лидер на опозиција
-
Кошта : Иднината на Западен Балкан е во ЕУ